Репрезентативно засилување во Чаир – доаѓа Ивана Џатевска

Амбициозната екипа на Чаир полека започнува да го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона.

Ново име во тимот на Басри Љатифи е македонската репрезентативка, кружниот напаѓач Ивана Џатевска.

За 20-годишната ракометарка трансферот во Чаир ќе биде првата клупска промена во нејзината кариера.

Новата членка на Чаир потекнува од школата на Вардар и во „црвено-црниот“ тим ги мина сите младински категории.

Со нејзините одлини настапи си заработи место во сениорската репрезентација на Македонија и беше дел од составот кој играше на Европското првенство во Скопје.

Чаир претходно ја ангажираше Марија Галевска од Овче Поле СУ, Клеа Ајвази од Косово и повремената репрезентативка на Турција, Севдe Озкан.

Минатата сезона Чаир во Женската лига заврши на 3. позиција и повторно избори настап во Европа.