Ракометарката која е дел и од репрезентацијата на Македонија, Елена Ливриниќ во новата сезона ќе има нов клуб, но ќе го продолжи својот претстој во Романија.
Ливриниќ се сели во редовите на ЧСМ Слатина каде што ќе треба да продолжи со успешните игри со оглед на тоа што е една од ракометарките кои одлично се снаоѓаат во првенството на Романија.
Екипата на ЧСМ Слатина во последната сезона заврши на 10. позиција, па со Ливриниќ сигурно ќе добие и на искуство и на ракометарка која ќе може да помогне за освојување на повеќе бодови во новата сезона.
Таа доаѓа во овој тим од редовите на Глорија Бузау каде што настапуваше последнава сезона, а во истата заврши на 4. позиција.