ЦСКА Москва преку социјалните мрежи информира дека клубот во договор ја прекинува соработката со репрезентативката на Данска, Катрин Хајндал.
По потврдата од ЦСКА, во јавноста се огласи и Хајндал.
„Нема да го заборавам времето поминато во ЦСКА. Градот Москва и луѓето тука засекогаш ќе останат во моето срце. Во ЦСКА владее една одлична атмосфера, се чувствував навистина удобно во овој тим“
Ги издвои и нејзините најнезаборавни моменти.
„Пред се тука е освојувањето на руското првенство и пласманот на фајнл-форот во Лигата на шампионите, дефинитивно тоа се моменти кои нема да ги заборавам. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите за поддршката и неверојатната атмосфера во арената. Таа поддршка навистина многу ми значи“, изјави репрезентативката на Данска.
Во редовите на ЦСКА Хејндал пристигна летото 2020 година.