Повремениот репрезентативец на Шведска, средниот бек Линус Арнесон, кој од 2017 година настапува во Бундеслигата, односно во Бергишер, реши да го продолжи договорот со својот клуб до 2025 година.
Раководството на Бергишер преку клупската страна ја објави новата соработка со искусниот ракометар. Арнесон во дресот на Бергишер има одиграно 170 натпревари и постигнато над 560 гола.
30-годишниот ракометар со репрезентацијата на Шведска на Европското првенство во 2018, кое се одржуваше во Хрватска, го освои сребрениот медал.
Арнесон е член на шведската репрезентација од 2017 година и досега во националниот дрес одиграл 40 меѓународни натпревари на кој постигнал над 50 погодоци.