Репрезентативец на Унгарија ќе мора на четврта операција на левото око

Репрезентативецот на Унгарија, Адам Јухаш, кој на еден од тренинзите пред Светското првенство 2023 заработи тешка повреда на левото око, во месец април ќе биде мора да оди на нова операција.

Средниот бек на Бенфика по повредата на Мундијалот имаше три операции, од која последната беше во февруари.

Јухас повредата ја заработи откако на тренинзите со својата репрезентација беше погоден со голема сила од ластик што се користеше за време на загревањето.

По повредата, тој веднаш беше хоспитализиран и поради тоа не беше во можност да настапи на Мундијалот во Полска и Шведска.