Повремениот репрезентативец на Полска, Мачеј Гебала го продолжи договорот со неговиот актуелен клуб Лајпциг. Раководството на бундеслигашот и ракометарот од Полска се договорија на нова долгорочна соработка, па така Гебала во Лајпциг ќе настапува до 2028 година. Неговиот договор со Лајпциг беше до 2024, но поради добрите настапи си доби продолжување на договорот на уште четири години.
Искусниот ракометар, кој настапува на позицијата кружен напаѓач, го потпиша најголемиот договор во историјата на Лајпциг бидејќи во бундеслигашот пристигна во 2018 година од редовите на Висла Плоцк.
Тоа значи дека ако ракометарот од Полска остане во Лајпциг до 2028 година, тогаш ќе прослави јубилејни десет години поминати во еден од најстарите германски клубови. Со оглед на тоа дека има 28 години, најверојатно својата играчка кариера ќе ја заврши во Лајпциг.
Гебала во својата кариера го носеше дресот и на екипите на Магдебург и Гданск. Со репрезентацијата на Полска настапи на Европското првенство во 2016, како и на Светското првенство во Франција (2017).