Иако со огромни проблеми со коронавирусот Германија, сепак, го продолжува настапот на Европското првенство. Германците доживеаја пораз од Шпанија на стартот од втората рунда, а денеска и од Норвешка, па шансите за пласман во полуфиналето сега се само теорија.
На натпреварот помеѓу репрезентациите на Германија и Шпанија се случи несекојдневна ситуација во која германскиот играч Полс Друкс при еден напад имаше непријатно искуство со својата опрема.
Друкс беше во полн трк и се обиде за застане, а при наглата промена на движењето патиката на германскиот репрезентативец се раздвои на два дела. Вистинска среќа е што ракометарот помина без повреда во оваа ситуација.
Ситуацијта погледнете ја во видеото во продолжение.
Man man man, kauft dem #Drux gescheite Schuhe!
Für mich jetzt schon die Szene dieser #EM #GERESP #DHB pic.twitter.com/fCHoV1Bfyx
— Juice999 (@WRLD999Juice999) January 20, 2022