Репрезентативецот на Франција, Елохим Пранди се враќа на терените.
Левиот бек на ПСЖ и француската репрезентација би требало да се врати на паркетот после скоро три месеци отсуство. Неговото враќање е најавено веќе овој викенд кога ПСЖ ќе го игра натпреварот од 21. коло во француското првенство против Нанси.
Членот на ПСЖ беше нападнат во текот на новогодишната прослава во ресторан во престолнината на Франција. Пранди беше шест пати прободен со нож поради мала расправија. Веднаш после инцидентот, тој беше примен во болница.
Неговото враќање е добра вест за ПСЖ посебно откако „светците“ останаа без Микел Хансен кој нема да се враќа на терените до крајот на сезоната, а од наредната ќе продолжи во Алборг.