Португалскиот тим Бенфика ќе направи голем ремонт на играчкиот и тренерскиот состав за следната сезона.
Заминуваат дури осум ракометари, како и тренерот Чема Родригес и неговиот асистент, а двајца од нив ќе се преселат во Скопје.
Станува збор за левото крило Арно Бинго, кој ќе го засили тимот на Кире Лазаров, додека пивотот Владимир Врањеш би требало да се пресели во Вардар.
Покрај нив, Бенфика им се заблагодари на уште осум играчи – на легендарниот Јонас Калман, потоа на Тадеј Кљун, Арно Гарсија, Адам Јухас, Карлос Мартинс, како и на Сергеј Ернандес.
Бенфика минатата сезона го освои трофејот во Лигата на Европа, но сезонава беше елиминирана уште во првата фаза, потоа и од Купот на Португалија, а првенството го заврши на третото место.