Ремек дело: Гавашелишвили му ја „украде“ победата на Тиквеш (ВИДЕО)

Тимот на Тиквеш може да жали уште долго што пропушти шанса да го совлада составот на Прилеп. Водеа кавадарчани со плус четири во повеќе наврати, а на крајот мораа да се задоволат со бод. Играчот што го расплака домаќинот беше Грузиецот Мириан Гавашелишвили, кој од слободен удар по истекот на времето погоди во голот на Марјан Велков. Вакво ремек дело ретко се гледа на ракометните терени во Македонија. Погледнете...