Во рамките на машката ЕХФ недела, пријателски натпревар во Диселдорф одиграа и женските репрезентации на Германија и Русија.
Русинките играа со втор тим, додека домаќинките имаа на располагање поголем дел од главните ракометарки па победија со 28-27.
По истекот на времето во првиот дел, остана да се изведе слободен удар за домаќинките.
Лена Дегенхарт успеа мајсторски да ја протне топката низ одбраната на Русинките, таа да добие некое чудно ефе и да заврши во голот.
A little bit of magic in Düsseldorf! 🤹♀😲
Geniales Tor, Lena Degenhardt! 👏 #GERRUS #WIRIHRALLE #TagdesHandballs #aufgehtsDHB #handball pic.twitter.com/mPiDiiUW6L
— DHB_Nationalteams (@DHB_Teams) November 8, 2021