Тимот на Плзен, каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески ја забележа втората победа во чешкиот шампионат.
Талент Плзен на домашен терен немаше милост за составот на Брно и славеше со убедливи 15 гола разлика, 37-22.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше токму македонското десно крило. Костески постигна шест гола, а три од нив беа од пенал.
Еден од погодоците на Македонецот беше вистинска мајсторија и погоди од мртов агол во голот на Брно. Погледнете…