Атракција на Наи: Го претрча цел терен, си „асистираше“ себе и даде гол од зад грб! (ВИДЕО)

Полскиот вицепрвак Келце имаше силовит старт во новата сезона во Лигата на шампионите и славеше против Нант со 40-33. Еден од најдобрите играчи на домашниот тим беше левото крило Дилан Наи, а еден од неговите погодоци беше атрактивен. Тој прифати една топка по грешката на ривалот, го претрча целиот терен, а сакаше да асистира до еден од соиграчите. Топката се одби од ракометарите на Нант повторно дојде до Наи, кој во скок ја прифати и од зад грб го совлада Пешиќ. Погледнете....