Во првото коло од групната фаза во Лига на Европа беа одиграни 12 натпревари и постигнато вкупно 755 гола. Најмногу погодоци имаше постигнато на дуелот меѓу Валур од Исланд и Ференцварош од Унгарија, вкупно 82.
Исландскиот тим во ефикасен натпревар триумфираше со 43:39, додека на натпреварот меѓу Гепинген и вториот тим на Веспрем, односно ККФТ, беа постигнати 76 погодоци. На овој натпревар, бундеслигашот забележа победа од 16 гола разлика, 46:30.
На дуелот меѓу Фленсбург и Бенидорм, на кој поранешниот европски шампион потешко од очекуваното дојде до триумф, беа постигнати 65 погодоци. Ист број на погодоци (65) имаше и на средбата меѓу Фуксе Берлин и Мотор. Најмалку погодоци, вкупно 55, имаше на средбата меѓу Балатонфуреди и Грањолерс.
1.КОЛО
ГРУПА А
ГЕПИНГЕН – ВЕСПРЕМ ККФТ 46:30 (23:18)
КАДЕТЕН – МОНПЕЛЈЕ 28:30 (16:18)
ПРЕШОВ – БЕНФИКА 25:29 (9:15)
ГРУПА Б
ИШТАД – ЕКС АНД ПРОВАНС 29:33 (14:17)
ФЛЕНСБУРГ – БЕНИДОРМ 35:30 (16:19)
ВАЛУР – ФТЦ 43:39 (22:15)
ГРУПА Ц
БАЛАТОНФУРЕДИ – ГРАЊОЛЕРС 25:30 (12:15)
СПОРТИНГ – АЛПЛА ХАРД 31:30 (18:18)
ГРУПА Д
МОТОР – ФУКСЕ БЕРЛИН 27:38 (10:19)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АРХУС 27:30 (12:16)
БИДАСОА – АГУАШ САНТАС 35:26 (16:13)