Екипата на Редбергслид, која 40 години учествуваше во најсилната лига во Шведска притоа беше 20 пати национален шампион, во следната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување.
Редбергслид не успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Шведска, откако одигра лошо во регуларниот дел од сезоната.
Најтрофејниот клуб од Шведска, кој во 1959 година беше победник во Лигата на шампионите, а во 2003 го освои второто место во тогашното европско натпреварување – Купот на победниците на куповите, ја напушта шведската елитата за прв пат по 1983 година.
Во минатата сезона клубот беше во слична ситуација, но со помош на еден од најдобрите голмани на светот Андреас Паличка беше обезбеден опстанокот.
Дресот на Редбергслид низ историјата го носеле неколку познати ракометни имиња од типот на Љубомир Врањеш, Стефан Ловгрен, Магнус Висландер и Петер Кенцел.