Искусниот голман Небојша Граховац, кој настапува за екипата на Шартр, во претходното коло од францускиот шампионат прослави фантастичен јубилеј.
Шартр беше поразен од Монпелје со 34:27, а со одбраните од дуелот против поранешниот европски шампион искусниот голман стигна до 1.000 одбрани во својата играчка кариера во Франција.
Долгогодишниот репрезентативец на БиХ во Франција настапува од 2010 година кога од Сараево Босна пристигна во Шамбери. Во текот на 2013 направи трансфер во Шартр и сѐ уште е главна алка во составот на Тони Херона.
Граховац за репрезентацијата на БиХ дебитираше во 2006 година, а оттогаш има 86 настапи за националниот тим на својата земја.