Откако Европската ракометна федерација ги одложи или откажа сите настани што требаше да се одиграат во следните четири месеци, истото го стори и Светската ракометна федерација.
Квалификациските турнири за Олимпијадата беа одложени уште пред три седмици, кога се одложија и ОИ. Машките турнири ќе се играат на истите локации (Германија, Норвешка и Франција) од 12 до 14 март 2021 година во рамките на ЕХФ неделата. Женските се на програмата (Унгарија, Шпанија и Црна Гора) од 19 до 21 март следната година.
Покрај овие настани, ИХФ ги помести и кадетското и младинското Светско првенство во женска конкуренција што требаше да се одржат во Хрватска (од 18 до 30 август) и Романија (од 1 до 13 јули) ќе се одржат во декември.
Кадетското ќе се игра од 29 септември до 11 октомври, додека младинското СП ќе биде на програмата од 2 до 13 декември.