Ракометарите на Рајн Некар на вториот натпревар во два дена против Кадетен успеа да забележи победа од 34:27 со што ги постави работите на свое место откако вчера двете екипи ремизираа и одиграа 30:30.
На денешната средба имаше израмнета игра во поголемиот дел. Практично и двете екипи имаа што да покажат до средината на второто полувреме. Дотогаш беше многу израмнето.
Кадетен го доби отворањето на средбата, но потоа составот на Рајн Некар успеа да надомести и да дојде до поправање на работите бидејќи стигна до предност. Сепак, на одмор се замина со 15:15.
Средбата продолжи израмнето и во следните 10-15 минути, а гостите клучната предност ја направија после 22:22. Стигнаа до шест гола во серија, а малку потоа водеа и со 30:23 така што веќе немаше дилеми кој ќе дојде до победа на овој дуел. Во завршните пет минути само се чуваше високото водство за конечни 34:27 и нови бодови за Рајн Некар.
Ова се екипи кои се во група со Еурофарм Пелистер. Тимот на Рајн Некар ќе гостува во Битола на 23 февруари, додека битолчани ќе гостуваат во Швајцарија кај Кадетен на 2 март.