Микел Хансен веќе еден месец е надвор од терените поради потрес на мозокот. Но, се очекува лекарскиот тим да му даде зелено светло за настап на дуелот од Лигата на шампионите против Барселона.
Најверојатно Хансен ќе биде дел од составот кој ќе се спротивстави на Барселона во „Блауграна“. Дерби натпреварот се игра во сабота со почеток во 20 часот.
Настапот на кружниот напаѓач Хенрик Тофт Хансен во составот на Раул Гонзалез е неизвесен. На натпреварот со Шамбери во првенството на Франција, Данецот беше погоден со топка во главата.
Од таа причина Тофт Хансен го пропушти дуелот од Лигата на шампиони против Целје и останува прашањето дали лекарите ќе дозволат тој да биде во комбинација за настап на следниот натпревар.