Во изборот на најдобрите поединци за минатата сезона во најсилната лига на Франција очекувано доминираат играчите од ПСЖ, а овој тим е предводен и од тренерот на овој тим и поранешен стратег на Вардар, Раул Гонзалес.
За најдобар играч е избран средниот бек на ПСЖ, Сандер Сагосен, кој доби најмногу гласови при изборот.
Меѓу играчите кои се најдоа во овој избор имаше место за: голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лево крило – Хуго Дескат (Moнпелје), лев бек – Елохим Пранди (Ним), среден бек – Сандер Сагосен (ПСЖ), десен бек – Недим Ремили (ПСЖ), десно крило – Мохамад Санад (Ним) и пивот – Николас Турна (Нант).
Покрај нив беа прогласени и најголемата надеж, а таа награда му припадна на Емил Нилсен од Нант, додека Виран Морос е прогласен за најдобриот дефанзивец со најсилната лига на Франција.
Révélation des lauréats des Trophées LNH 2020
👀 Découvrez l'équipe-type de la saison 2019/2020 de Lidl Starligue 🤾♂️ #handball
Публикувахте от Lidl Starligue в Вторник, 26 май 2020 г.