Распоред за битката за опстанок во Супер лигата, пролетта ќе биде пеколна

Осумте екипи кои си најдоа место во плеј-аут лигата од Супер машката лига имаат нешто помалку од еден месец до првите натпревари од пролетниот дел од сезоната, а планот е првите средби да бидат одиграни на 6 или 7 март.

Сезоната ќе биде долга, а тимовите се во очекување да добијат зелено светло дека ќе можат да имаат некое место плус односно дека нема да се борат само за едно место за директен опстанок туку дека ќе има шанса за повеќе тимови.

Доколку биде така тогаш ќе има уште повеќе надигрување, па ќе може да се види кои состави од осумте кои се во комбинација ќе можат до позициите кои водат во Супер машката лига и следната сезона.

Во плеј-аут лигата се наоѓаат тимовите на Работнички, Прилеп, Јуниор Кисела вода, Астраион, Младост 1977, ГРК Тиквеш, ГА КЛ 7 и Радовиш. Првото коло е предвидено за 6 или 7 март, додека сезоната финишира дури на 12 и 13 јуни. Комплетниот распоред со датумите можете да го погледнете во продолжение.