Левиот бек на Магдебург и македонската репрезентација,Филип Кузмановски, денеска не беше дел од ростерот на националниот тим на мечот против Грузија.
Но затоа имаше убава причина. Откако пред неколку месеци ја побара за сопруга Моника Игнова, денеска тие и официјално го кажаа судбоносното ДА.
Игнова е прва братучетка на соиграчот на Кузмановски од националниот тим, Дејан Манасков, кој исто така беше присутен на венчавката.
Венчавката започна под отворено небо со матичар, а потоа продолжи во еден од познатите битолски ресторани. За микрофонот се фатија и Пепи Манасков, Гоце Ојлески, Дејан Манасков…