Рано наутро дерби дуели кај мажите: Шпанија против Норвешка, Египет во атак против Данска

Две средби се изделуваат по својата возбудливост и неизвесност од 2. коло на машкиот турнир на Олимписките игри, а и двете ќе бидат одиграни рано наутро по македонско време.

Второто коло ќе го отворат Бразил и Франција, а првото дерби е од 7:15 часот меѓу Египет и Данска. Фараоните ќе се бидат ривали на актуелниот светски и олимписки првак. Роберто Парондо со своите момци ќе има сериозен предизвик и денеска ќе треба да се одговори на теренот најдобро што може.

Веднаш после овој натпревар од 9:15 часот следува средбата меѓу Шпанија и Норвешка, а ова е дербито на денот во Групата. На оваа средба ќе има и македонска арбитража бидејќи делегирани за судење се Начевски и Николов.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (МАЖИ)

2.КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 26 ЈУЛИ)

ГРУПА А

02:00ч

БРАЗИЛ – ФРАНЦИЈА

04:00ч

АРГЕНТИНА – ГЕРМАНИЈА

09:15ч

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА

ГРУПА Б

07:15ч

ЕГИПЕТ – ДАНСКА

12:30ч

БАХРЕИН – ПОРТУГАЛИЈА

14:30ч

ЈАПОНИЈА – ШВЕДСКА