Француските медиуми објавија дека многу веројатно натпреварите од ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз ќе се играат на тениските терени на Роланд Гарос.
Организаторите ги намалија трошоците за реконструкција на објаектите во Париз за 10% (околу 400 милиони евра), па затоа планираат само да постават ракометнa подлога среде централниот терен Филип Шатрие и таму да се игра ракомет.
Централниот терен на Ролан Гарос има можност да прими повеќе од 15.000 гледачи, но не е објавено дали покривот секогаш ќе биде затворен или ќе има можност да се игра ракомет на отворено.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.