По долгата пауза поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција, ракометот и спортот полека се враќаат во оваа земја.
Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска и екс ракометарката на Вардар и Металург, Ивана Гакидова, кои настапуваат за Коњалти, ќе бркаат полуфинале во Европскиот Куп на почетокот на март.
Европската ракометна федрација ги потврди новите термини на двобојот меѓу Коњалти и Измир, кој ќе се одигра во ЕХФ неделата во март.
Првиот меч ќе се игра на 1 март во Анталија, додека реваншот е на 5 март во Измир. Поради овие натпревари, Јанеска нема да му биде на располагање на селекторот Савевски за двомечот меѓу Македонија и Турција.