Челниците на Светскиот Олимписки Комитет во текот на следната седмица ќе имаат состанок во Швајцарија на кој треба да биде разгледано барањето на ИХФ ракометот на плажа да стане олимписки спорт.
Светската ракометна федерација упати барање за ракометот на плажа да биде вметнат веќе на следните Олимписки игри во Париз во 2024 година.
Овој спорт веќе доби место на Младински Олимписки игри, но главната цел на ИХФ е да биде на оние во сениорска конкуренција.
Македонија беше една од државите која своевремено беше во трка за медал на големите натпреварувања, но како одминуваше времето така заинтересираноста за овој спорт беше се помала.