Во овој период во фокусот на спортската јавност се Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Пекинг, а интересно е што ракометот не е туѓ на голем број спортисти кои се натпреваруваат во зимските спортови.
На прв поглед можеби не изгледа така, но љубителите на снегот и ракометот имаат многу повеќе работи кои ги спојуваат. Рускиот „Брз Центар“ најде неколку заеднички работи за повеќемина што имале врска со ракомет и со зимски спортови.
Така на пример двократниот олимписки шампион Петер Норгут не само што не се плаши да застане на гол во улога на голман, туку покажа и дека знае да одбрани удар од седум метри на Камила Харем. Да, не направи некоја спектакуларна одбрана, но реакцијата со ногата е нешто на кое треба да се даде аплауз.
View this post on Instagram
Во 2016 година на иницијатива на Руската ракометна федерација, хокеарите стапија во контакт со ракометот и играа во еден необичен формат. Голманите на двете екипи беа облечени во целосна хокеарска опрема.
Ракометно минато има и индискиот натпреварувач Рајкумар Тивари. До 28-годишна возраст, единствениот освојувач на злато на параолимписките игри во уметничко лизгање во својата земја освои сребрен медал на ракометното националното првенство за лица со посебни потреби.
Како дел од репрезентацијата тој требаше да учествува на Летните олимписки игри во 2011 година кои се одржуваа во Атина. Сепак, поради проблем со пасошот беше заменет со друг играч.
„Сите мислеа дека ги лажам кога им зборував дека ќе одам во Грција да играм ракомет. Искуството со играњето ракомет не само што ми донесе почит во моето место, туку ми покажа што значи да се биде спортист“, изјави Рајкумар.
Познатиот ски тренер Анте Костелиќ има успех во ракометот пред да се прослави во зимските спортови. Интересно е што Костелиќ во 1977 година бил и во Пелистер, се задржал само една година, меѓутоа работел добро. Токму во Битола на Пелистер првите скијачки чекори ги направи неговата ќерка Јаница. Во кариерата тој ги водел и клубовите на РК Полет, РК Младост, ЖРК Осијек…Како тренер во машка и женска конкуренција работел 15 години.
Причината поради која го напушти ракометот биле честите конфликти со тренерите или клубовите каде што работеше. Клубовите не секогаш можеа да го разберат неговиот карактер.
Членот на хокеарската куќа на славните Ханс Добида својот живот го посвети на хокејот, но во младоста долго време го комбинираше со ракометот. Од средината на 70-тите години како делегат од Австрија се занимиваше со различни прашања во Меѓународната федерација за хокеј на мраз, работеше во нејзинот совет. За време на неговата кариера Добида претседаваше со 50 големи меѓународни турнири вклучувајќи го и Светското првенство и Континенталниот куп на ИИХФ.
Во својата држава Ханс е почесен член на Австрискиот олимписки комитет и носител на Орден за заслуги на Австрија.
Има и примери на спортисти кои тргнале во спротивен правец, односно од зимските спортови се префрлиле на ракометот. Еден од најпознатите меѓу нив е репрезентативниот голман на Австрија, Томас Ајхбергер. Томас израснал во семејство на скијачи, па така под влијание на родителите од најмала возраст се занимавал со скијање. Меѓутоа на училиште се запознал и со ракометот. На 13 години тој морал да избере во која насока ќе продолжи, иако имал успех во скијањето и сноубордот се одлучил за ракометот.
На Европсктоо првенство во 2020 година како дел од австриската репрезентација порача дека никогаш не се кае за својот избор. Последната сезона ипол Томас ја помина во Ајзенах во втората Бундеслига, а пред неколку дена се врати во татковината каде што потпиша договор со австрискиот Кремс кој после 15 кола е на третата позиција.