Ракометарот од Шпанија и член на Пуенте Хенил, Серхио Морал, е дел од спасувачките екипи во Турција и Сирија.
Искусниот ракометар одлучи да го остави ракометот и да им помогне на повредените од земјотресот, но и да учествува во спасувачките операции.
На 6 февруари земјотрес со јачина од 7,8 степени ги погоди Турција и Сирија.
Според последните информации, земјотресот однесе вкупно 37.000 жртви во двете земји.