Ракометниот турнир на ОИ 2024 од Лил се враќа во Париз?

Во 2024 година Франција ќе биде домаќин на Олимписките игри, претходно беше објавено дека прелиминираната фаза на ракометниот турнир ќе се одржи во арената во Лил, но тоа може да се промени.

Ракометниот турнир на Олимписките игри започнува три дена пред свеченото отварање. Организаторите сега се во проблем за кој бараат решение, а решението може да биде преместување на градот домаќин.

Имено, како и ракометните натпревари и кошаркарските било предвиено да се одржат во арената во Лил, меѓутоа во таков случај може да дојде до проблеми во термините. Сега се размислува ракометниот турнир да биде преместен на друга локација.

Според последните најави на медиумите во Франција старо-нов град домаќин на турнирот може да биде Париз, каде што првобитно беше замислено да се играат натпреварите во 2024 година.