Легендарниот Ивано Балиќ во иднина би требало да ја извршува функцијата асистент тренер во хрватскиот национален тим.
Хрватскиот ракометен сојуз треба да ја официјализира оваа информација, па Хрвоје Хорват ќе добие нов асистент на местото на Игор Вори, кој ќе биде спортски директор.
Првата акција на Хорват и Балиќ ќе биде кон крајот на април и почетокот на мај, кога Хрватска треба да игра со Шпанија, Унгарија и Словачка во рамките на Евро Купот.
Хрватите не успеаја да обезбедат место на Олимписките игри во Токио, а следното големо натпреварување на кое ќе настапуваат е Европското првенство следната година.