И овој викенд продолжува „меѓусезонската“ серија на свадбени веселби на ракометарите и ракометарките.
Последен во низата е српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара, кој стапи во брак со Ана Недиќ.
Веселбата се одржа во познатиот белградски ресторан „Дајмонд Гарден“, каде што присуствуваа најблиските на младите.
Меѓу нив многу екс членови на „црвено-црното“ семејство – Дејан Милосављев, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Димитар Маневски, Марија Лојаница…како и некои од соиграчите на Цупара во Веспрем – Андреас Нилсен, Гашпер Маргуч, Кентан Мае…
Ова лето Цупара го искористи за трансфер од унгарскиот првак Веспрем во романскиот шампион Динамо Букурешт една година пред истекот.