Домаќинот на завршниот турнир Шведска нема да може да игра во последните три дена во Стокхолм бидејќи лошите резултати ја поставија најноско во Групата 2 така што ова е едно од најлошите првенства за Швеѓаните.
Најверојатно ова првенство ќе биде и последното за еден од најчудните ракометари во репрезентацијата на Шведска, Ким Екдал Ду Риц, кој еднаш се откажа од ракометот, а најавува дека одново му е доста.
Во 2016 година на 27 години се одлучи да се збогува со ракометот и да се посвети на патувањето низ светот. Одлучи да ги проучува странските култури и да разгледува туристички знаменитости.
Сега одново изгледа му е веќе доста од играње ракомет.
„На крајот на оваа сезона ми истекува договорот со ПСЖ. Се надевам дека после тоа ќе играме на Олимписките игри. Тоа би можело да биде крај“, коментира Ду Риц.
Дали е ова најава дека одново ќе се посвети на патувањето низ светот или сега има нешто друго во план останува да се види. Првиот пат му се здосадија после една година, па се врати на терен и доби можност да заигра за ПСЖ. Се врати и во репрезентацијата, но очигледно повторно му е доволно од играње ракомет.