Француската ракометна јавност е завиена во црно по тажната вест што ја објави клубот Анже.
Во неделата, на 26 декември почина 26-годишниот ракометар Жилен Лусон, кој десет години го носеше дресот на второлигашот Анже, а првиот дел од оваа сезона го мина во Сан Жем.
Според француските медиуми, Жилен Лусон починал во сон, но нема повеќе детали за несреќниот случај.