Фудбалската репрезентација на Македонија го игра првиот натпревар на Европското првенство.
Ривал е Австрија, а мечот се игра во романската престолнина Букурешт на „Национална Арена“ и по првото полувреме е 1:1.
Повеќе од 5.000 македонски навивачи се на трибините на најголемиот стадион во Романија, а меѓу нив има и ракометари и ракометни работници.
Претседтелот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, потоа капитенот на Вардар, Столе Стоилов, па репрезентативецот Мартин Велковски…навиваат за Македонија во Букурешт.