Ракометна магија на екс играч на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Десниот бек Никола Ивановиќ, сегашен член на Татран Прешов, а некогашен на Еурофарм Пелистер, беше автор на најубавиот гол во третото коло од Лигата на Европа. На мечот против швајцарскиот Кадетен, при пасивен напад на словачкиот првак, Ивановиќ најпрво се ослободи од чуварите Кањелас и Мацкен со лажно движење, а со тоа си отвори пат до голот на Биоска кој лесно го совлада. Погледнете ја ракометната магија на Ивановиќ....