Маратон во јули и август – 12 шампионати во младинските категории, Македонија е дел од три

Иако завршија натпреварувањата во Лигата на шампионите и во останатите натпреварувања под капата на ЕХФ, оваа лето не очекува ракометен маратон, каде во главна улога ќе бидат младите играчи.

На програмата оваа лето ќе бидат 11, односно 12 шампионати во младинските категории, со оглед на тоа дека младинскиот Мундијал за ракометарки до 20 години во Словенија веќе започна и за неколку денови треба да биде познат освојувачот на титулата.

Македонија ќе биде домаќин на Светското кадетско првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржува во периодот од 30 јули до 10 август во  СЦ „Борис Трајковски“, и во двете сали во СЦ „Јане Сандански”.

Распоред на првенства

22/6 – 3/7, СП МЛАДИНКИ, СЛОВЕНИЈА
2/7-10/7, ЕХФ ШАМПИОНАТ 1 МЛАДИНЦИ, БУГАРИЈА
4/7-8/7, ЕУРО ОПЕН КАДЕТКИ, ШВЕДСКА
7/7-10/7, ЕП КАДЕТИ/КАДЕТКИ РАКОМЕТ НА ПЛАЖА, ЧЕШКА
7/7-17/7, ЕП МЛАДИНЦИ, ПОРТУГАЛИЈА
16/7-24/7, ЕХФ ШАМПИОНАТ 2 МЛАДИНЦИ, БУГАРИЈА
30/7-10/8, СП КАДЕТКИ, МАКЕДОНИЈА
4/8-14/8, ЕП КАДЕТИ, ЦРНА ГОРА
7/8-13/8, ЕХФ ШАМПИОНАТ 1 КАДЕТИ, ИЗРАЕЛ
8/8-14/8, ЕХФ ШАМПИОНАТ 2 КАДЕТИ, ЛЕТОНИЈА
8/8-14/8, ЕХФ ШАМПИОНАТ 3 КАДЕТИ, РОМАНИЈА