Женската репрезентација на Македонија го одигра последниот натпревар во ЕХФ Евро Купот на гости кај Норвешка.
Македонските ракометарки не беа сами во Бекестуа, бидејќи на трибините беа присутни повеќе поддржувачи на нашата селекција.
Меѓу нив беа и браќата Маријан и Горан Поп Андонови со нивните семејства, како и Гоце Талев, кои споделија фотографии од салата во Бекестуа на социјалните мрежи.
Македонија загуби од Норвешка со 32-27, но и покрај поразот остави одличен впечаток на натпреварите против најтрофејната репрезентација во женскиот ракомет.