Романскиот вицепрвак ЧСМ Букурешт пред неколку дена започна со подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе влезе со амбиции да ја врати шампионската титула во свои раце, како и да го повтори успехот во Лигата на шампионите од 2016 година, кога тимот од романската престолнина како дебитант ја освои европската титула.
Избраничките на Адриан Василе денес тренираа на националната арена во Букурешт, бидејќи во спортските сали во Романија и покрај тоа што се климатизирани, тешко се тренира поради високите температури.
Романија во овие денови се соочува со топлотен бран и во земјата е прогласена портокалова фаза, но високите температури не беа никаква пречка за борбените ракометарки на клубот од Букурешт, кои тренираа на професионално ниво.
Романскиот тим за следната сезона ангажираше неколку звучни засилувања, потпишаа Марија Судакова од ЦСКА Москва, Евелина Ериксон од Вајперс Кристијансад, трите репрезентативки на Франција – Лора Глосе, Грас Заади и Калидиату Ниакате, како и репрезентативката на Романија, Крина Пинтеа.