Екипата на ЧСМ Букурешт во женска конкуренција во изменет состав во однос на лани ги почна подготовките за новата сезона, а првиот дел од тренинзите ќе бидат одработени на Националната арена во Букурешт.
Ракометарките ќе тренираат на стадион за да го одработат физичкиот дел од тренинзите со цел да се подобри капацитетот на сите девојки.
„Тренинзите минуваат одлично. За овој период е нормално да тренираме повеќе надвор, а одлучивме дека е подобро тоа да го направиме на стадион. Има повеќе простор, има растојание и тоа е добро за девојките. Тие се професионалци и одлично ги извршуваат обврските“, вели тренерот Адријан Василе.
Во тимот на ЧСМ Букурешт има две поранешни вардарки, а тоа се Барбара Лазовиќ и Сираба Дембеле. Покрај нив нови имиња се и Мартине Сметс, Александрина Барбоса Кабрал и Бјанка Базалиу.