Женската сениорска репрезентација ќе патува со чартер лет на реваншот од баражот за СП против Украина.
Избраничките на Љубомир Савевски ќе заминат за унгарскиот град Дебрецен во понеделник на 10 април во 9:30 часот.
По краткиот лет на северот на Унгарија ги очекува уште краток пат со автобус од час и половина до крајната дестинација Кишварда, па ќе имаат доволно време за одмор и подготовка за важниот натпревар.
За разлика од момците, дамите досега патуваа со редовни линии, освен за баражот за СП 2021 против Романија, па ова ќе биде вторпат да патуваат со чартер лет.
Кишварда е унгарски град на границата со Украина, па нашиот ривал очекува дека ќе има голема поддршка од трибините и нема да почувствува дека се игра на неутрален терен.
Првиот меч меѓу Македонија и Украина се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во текот на утрешниот ден со почеток во 19:00 часот.