Ракометари како ликови од „Каса де папел“ (ВИДЕО)

Екипата од најелитната лига во Франција, Данкерк имаше невообичаена презентација на дресовите за сеозната 2020/21 инспирирана од светски популарната серија.

Французите подготвија краток видео спот во стилот на серијата „Ла каса де Папел“, која има огромна популарност низ светот за да ги промовираат дресовите за наредната сезона.

Ракометарите маскирани во препознатливата маска од серијата имаа задача да го украдат дресот на локалниот клуб од музејот „Порт“ во Данкерк.

Како изгледаат ракометарите во актерски улоги и новиот дрес на Данкерк погледнете во следното видео…