Машката репрезентација на Македонија ќе игра на Европското првенство седми пат во својата историја.
Со пет триумфи и само еден пораз, а еден од триумфите над светскиот и олимписки првак Данска, Македонија оди на континентален собир. Ракометната федерација знаеше тоа како да го награди.
20.000 евра беа исплатени за победата над Данска, а следуваат уште 20.000 евра за пласманот на ЕП, како и уште плус 10.000 евра за освоеното второ место во групата.
Вкупната премија изнесува 50.000 евра. Апсолутно ја заслужија македонските репрезентативци.