Ракометарите тренираа во Ван, подготвени за битка со Турција (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија утре го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија.

Ривал е Турција, а нашите ракометари денеска пристигнаа во градот Ван и го одржаа тренингот пред утрешниот натпревар.

Селекторот Кире Лазаров поведе на пат 17 ракометари, а кој ќе отпадне од комбинација ќе биде познато по тренингот.

Мечот меѓу Турција и Македонија се игра во спортската сала „Нур Татар“ во Ван со почеток од 16:00 часот, а судии се Бркиќ и Јусуфхоџиќ од Австрија.

Македонија во првото коло славеше убедливо против Луксембург со 14 гола разлика, 38-24.