Ракометарите нема да бидат сами во Злин – доаѓа „фалангата“!

Вечерва Македонија игра важен натпревар во баражот за Светското првенство на гостински терен против Чешка во Злин. Македонските навивачите веќе станаа познати дека секаде се своите миленици, па така и вечерва Лазаров и друштвото нема да бидат сами.

Како и што беше најавено, вечерва во салата „Датарт“ ќе има и македонска публика, „Фалангата“ веќе се упати Злин и се очекува набрзо и да пристигнат.

Натпреварот помеѓу Чешка и Македонија се игра во терминот од 20:15 часот, додека реваншот е закажан за в недела во Скопје од 19:00 часот.