Словачкиот шампион Татран Прешов беше поразен од Еурофарм Пелистер со 37:29 на првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига.
Предводникот на тимот од Прешов, Марек Гернат како клучен фактор за поразот ја истакна лошата одбрана и уморот во последниот дел.
„Во моментов се справуваме со многу проблеми од типот на повредени играчи и во таква состојба е тешко да се натпреваруваш против тим како Еурофарм Пелистер. Нашата одбрана на почетокот имаше многу проблеми, а на крајот бевме навистина уморни. Конечната гол-разлика е многу голема, и за нас во Словачка ќе биде тешка задача да се обидеме да ја надминеме”, изјави Гернат.
Најефикасниот во пoразениот табор Вјачеслав Касаткин посочи дека Хенеберг бил клучот за одличната игра на македонскиот вицепрвак
„Себастијан Хенеберг беше одличен вечерва, имавме многу проблеми во обидот да го запреме и тој на крајот се покажа како клучен за домашната екипа. Нашиот тим во моментов се справува со голем замор и повреди, а како што рече тренерот, во таква состојба е навистина тешко да се натпреваруваш со квалитетна екипа како денешниот ривал”, изјави Касаткин.
Реванш средбата меѓу словачкиот шампион и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 10 април во Прешов, со почеток од 18:00 часот.
Еурофарм Пелистер го нокаутира Татран, со плус осум патува во Прешов