Со денешните одиграни натпревари од второто квалификациско коло од Лига на Европа, познати се сите учесници во групната фаза во второто по ранг квалитетно европско натпреварување.
Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице по поразот во првиот дуел од Азоти Пулави, денес успеа да сѐ надмине себеси и да дојде до потребната разлика, која што беше неопходна за победа. Избраниците на Бранко Тамше триумфираа со 35:27, а на првиот натпревар полскиот тим победи со 32:26.
Од останатите екипи кои беа во борба за пласман во групите од Лига на Европа, изненадувања направија Веспрем КФТ, Бидасоа Ирун и Силкеборг, додека останатите фаворити ја оправдаа својата улога и успешно обезбедија пласман во групната фаза од Лига на Европа.
Поранешниот европски шампион, тимот на Монпелје, откако во првиот дуел против Савехоф одигра само нерешено, 24:24, на реванш натпреварот дојде до победа од 30:26. Монпелје во текот на целиот натпревар имаше висока резултатска предност и во ниту еден момент не дозволи да има опуштање во своите редови.
Агуаш Санташ одигра рутински против Белененсес триумфирајќи со 34:22. На првиот натпревар тимот од Португалија забележа минимална победа од три гола разлика, 23:20.
Учество во групната фаза во Лига на Европа, во која директно место има македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, обезбедија екипите на Веспрем КФТ, Алпла Хард, Бидасоа Ирун, Гепинген, Бенидорм, Ференцварош, Силкеборг, Фленсбург, Нексе, Архус, Монпелје и Агуаш Санташ.
Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:
Веспрем КФТ – Шамбери 31-25
Бутел Скопје – Алпла Хард 21-25
Колстад – Бидасоа 33-31 пен.
Лемго – Гепинген 33-31
Цирих – Бенидорм 34-30
Ференцварош – Стеауа 35-31
Орхус – Кристијанштад 35-33
Силкеборг – Спортинг 33-30
Фленсбург – Квижун 37-24
Монпелје – Савехоф 30-26
Нексе – Азоти Пулави 35-27
Агуаш Санташ – Белененсес 34-22