По ракометната, кошаркарската и одбојкарската, денеска и фудбалската репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман на континентален собир.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски, ја совладаа Грузија во Тбилиси со 1-0 и се пласираа на Европското првенство следната година.
Стрелец на клучниот погодок беше капитенот Горан Пандев во 56. минута од натпреварот.
Честитки стигнуваат од сите страни, а македонските ракометари и ракометарки не ја пропуштија шанса да го поздрават големиот успех.