Со победата од 25:18 против тимот на Работнички екипата на ГРК Тиквеш обезбеди важни бодови со кои практично ја визираше својата позиција во Супер машката лига во следната сезона.
Според ситуацијата на табелата веќе е јасно дека ГРК Тиквеш нема да може да биде трет и прашање е само дали ќе опстане како првопласиран или како второпласиран.
На денешната средба немаше дилеми околу победникот бидејќи уште од почетокот на средбата домашните беа во предност. ГРК Тиквеш тргна решително и постојано беше во предност. Водството се зголемуваше и постојано беше 5-6 гола така што немаше дилеми околу тоа кој оди на полувреме со водство.
На паузата резултатот беше 14:8 така што немаше поголем проблем да се продолжи во средбата со мирна игра и да се чува предноста. Екипата од Кавадарци одигра мирно и имаше целосна контрола така што до крајот на натпреварот ракометарите знаеја да одиграат добро и да останат во позитива.
Во ниту еден момент тимот на Работнички не беше закана за победата на ГРК Тиквеш, па на крајот беше 25:18 за домашните. Со оваа победа составот на ГРК Тиквеш го потврди опстанокот и дуелот од последното коло против екипата на Прилеп ќе биде само за првото место на табелата.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА