Продолжуваат пријателските натпревари ширум светот во неделата за репрезентативни настапи. Тунис после минималната победа против Зеленортските острови оствари уште една победа и ја совлада Црна Гора со 30:28.
Тунис беше во предност во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до победа. После првото полувреме репрезентацијата од Африка имаше водство од 15:12. Во продолжението Црна Гора немаше сили за пресврт и доживеа пораз.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ беше најефикасен во составот на Црна Гора со четири погодоци, додека Вујовиќ, Ласица и Божовиќ постигнаа по три гола.
Австрија ја совлада Чешка во интересен дуел со доста пресврти на резултатот. Австријците славеа со 35:30, а на полувреме беше 18:18. Унгарците беа подобри од Босна и Херцеговина со 26:24.