Репрезентацијата на Црна Гора дојде до голема победа против Србија и во понеделник ќе се бори за пласман во вториот круг. Денеска со 22:21 дојде до клучен триумф по кој стана јасно дека Хрватска е првиот состав од Групата А кој оди понатаму, а Белорусија и Црна Гора ќе го дадат вториот патник.
Од стартот на средбата се виде дека ова ќе биде игра на нерви и дека моменти ќе одлучуваат за тоа кој денеска ќе освои бодови. Црногорците тргнаа подобро во натпреварот и имаше повеќе од играта во првите неколку минути. После неполни девет имаше водство од 4:1, а потоа на средина од првиот дел разликата стигна и до плус четири, 7:3.
Како одминуваше времето во првиот дел така селекцијата на Србија почна да се враќа во потребниот ритам и да се доближува. Беше тешко да се следи играта, но веќе во 20. минута резултатот беше 8:7. На три минути пред крајот на првиот дел дојде и до изранување на 9:9, па почнаа возбудувањата.
Сепак, пред заминувањето на одмор Црногорците успеаја одново да дојдат до водство и на паузата имаа 11:10.
Во вториот дел следуваше големо надигрување. Моменти пресудуваа кој ќе дојде до триумф така што на овој натпревар беше јасно дека нијанси ќе решаваат. До крајот на средбата одлучуваше една одбрана, еден потег, па нијанси беа во прашање за победникот.
Србите први стигнаа до плус три и водеа со 16:13, но потоа следуваше враќање на Црна Гора и до крајот на средбата беше постојано во гол до два позитива. Клучните моменти, сепак, беа на две минути до крај. Симиќ прво имаше добра интервенција, а потоа играчот на Еурофарм Пелистер, Радовиќ стави точка за 22:20 и победа на овој меч.
Со овој триумф Црна Гора се избори за клучен меч во понеделник против Белорусија за пласман во втората рунда, додека Србија дефинитивно си оди дома. Воедно победата на Црна Гора значеше и пласман на Хрватска во следната фаза на коло пред крајот.
Грбовиќ и денеска беше најефикасен со пет гола, додека Божовиќ го заврши натпреварот со четири погодоци. Во Србија шест гола имаше Кукиќ додека по четирипати прецизни беа Радивојевиќ и Зеленовиќ. Голманот на Црна Гора Симиќ, кој е и играч на натпреварот имаше девет интервенции, додека Иванишевиќ од Србија вкупно 11, но недоволни за победа.